Халанд добива конкуренција во нападот - Сити и Борнмут се договорија!

Антоан Семењо е блиску до трансфер во Манчестер Сити откако двата клуба се договорија за условите, објавија британските новинари.

Клубовите, наводно се во процес на финализирање на потребната документација за трансферот. Повеќе информации за точниот датум на преселбата на крилниот напаѓач на „Етихад“ ќе бидат објавени во следните 24 часа.

Оваа сезона 25-годишниот Семењо е во одлична форма во Премиер лигата, постигнувајќи девет гола и три асистенции на 18 настапи за Борнмут. Се очекува Сити да им плати на „Црешите“ 74 милиони евра за Ганецот, а Халанд ќе добие сериозна конкуренција или одличен партнер во нападот.