Француски фудбалер тешко повреден во пожарот во Швајцарија (ВИДЕО)

Во големиот пожар во бар во Швајцарија загинаа најмалку 45 лица и над 115 беа повредени, а меѓу нив е и младиот француски фудбалер Тарис Дос Сантос.

Дос Сантос е член на младинскиот погон на француски Мец, а тој е тешко повреден во експлозијата и пожарот во барот во швајцарскиот скијачки центар „Кранс-Монтана“.

Младиот фудбалер има тешки изгореници и во моментов се наоѓа на лекување во Германија, каде што добива медицинска помош, а засега не се откриваат дополнителни информации.