Бивш олимпиец е еден од најбарани криминалци - му заплениле 40 милиони долари!

ФБИ соопшти дека мексиканските власти во неколку рации заплениле мотоцикли во вредност од 40 милиони евра, за кои се верува дека биле во сопствеништво на поранешниот олимпиец и сноубордер, Рајан Вединг.

Властите открија во објава на социјалните мрежи дека е извршена рација, и тоа еден месец откако беше понудена награда од 15 милиони долари за наоѓање на Вединг.

Поранешниот спортист се бара поради учество во меѓународни операции за трговија со дрога и наводно бил вмешан во повеќе убиства.

„САД нудат награда до 15 милиони долари за информација кои би донеле до приведување на криминалецот“, велат мексиканските власти.