Вклучен алармот во Барселона: Јамал принудно го прекина тренингот пред Еспањол!

Талентираниот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал го напушти тренингот на 48 часа пред градското дерби со Еспањол.

Каталонските медиуми пишуваат дека Јамал го почнал тренингот, но почувствувал болка и медицинскиот тим го советувал да одмори.

Јамал треба да биде подготвен за дербито против Еспањол, меѓутоа докторите ќе ја следат неговата состојба во следните два дена.