Возачот на Џошуа може да заврши во затвор, ќе биде отворено обвинение

На возачот на возилото на Ентони Џошуа во несреќата во која загинаа двајца пријатели на боксерот, а тој беше тешко повреден му се заканува затворска казна бидејќи е обвинет за несовесно возење.

Неговиот идентитет е познат, станува збор за Кајоде Адинијени, член на логистичкиот тим на Џошуа.

Адинијени по краткиот престој во болницата беше пуштен на домашно лекување, а веднаш потоа одведен во полициска станица во сојузната држава Огун каде што се случи несреќата.

Извори од полицијата за медиумите откриват дека против него во следните 48 часа ќе биде отворено обвинеие и според најавите тој пред судот би требало да се најде веќе во петок.

Според информациите тој во моментот на несреќата возел со брзина од над 100 киломтри на час колку што е дозволено во тој предел.

Фото: EPA