Сезонава во НБА се одиграл најгледаниот „божиќен натпревар“ во историјата!
Над 47 милиони луѓе во Соединетите Американски Држави следеле барем дел од специјалната божиќна програма со пет натпревари, кои беа емитувани што претставува зголемување од 45 отсто во однос на минатата година. Ова беше најгледаниот „Божиќ во НБА“ во последните 15 години.
Просечната гледаност по натпревар изнесувала 5,5 милиони, а дуелот меѓу Њујорк Никс и Кливленд Кавалирс бил најгледан со 6,4 милиони гледачи, со што овој натпревар стана најгледаниот божиќен меч во историјата на НБА лигата.
Традицијата започнала во 1947 година, а од 2008 година на Божиќ се играат пет натпревари, распоредени од попладневните до раните утрински часови според европско време.
НБА лигата постави рекорд и во дигиталниот свет. содржините на лигата остварила 1,6 милијарди прегледи, што е зголемување од 23 отсто во однос на досега рекордниот Божиќ во 2014 година.