Барселона го договори еден од најголемите афрички таленти!

Eден од најталентираните афрички фудбалери, Хамза Абделкари кој денеска полни 18 години ќе го носи дресот на Баарселона, тврдат каталонските медиуми.

Според информациите, Барселона ќе плати отштета од 1.5 милони евра веднаш за позајмица до крајот на сезоната, а потоа ќе доплати уште 3.5 милиони за негов откуп наредното лето. Исто така неговиот Ал Ахли ќе задржи право на 15% од сумата од неговиот следен трансфер.

Нема дилеми дека договоррот со еден од најголемите европски клубови е најубавиот подарок за Хамза.

Најавите се дека првичниот план е да биде дел од Барселона Атлетик, а потоа постепено во текот на летните припеми да почне да добива шанса во тимот на Ханси Флик.