Сандерленд го сопна Манчестер сити и му направи услуга на Арсенал (ВИДЕО)

Манчестер сити немаше муниција на гостувањето кај Сандерленд (0-0) во 19. коло во Премиер лигата, па сега има четири бодови помалку од лидерот Арсенал.

Сандерленд уште еднаш се покажа како цврст ривал и запре уште еден фаворит, иако „граѓаните“ создадоа повеќе шанси од домаќинот, меѓутоа не реализираа ниту една од нив.

„Граѓаните“ имаат 41 бод на втората позиција во лигата, додека Арсенал останува лидер со 45 поени.

На вториот меч вечерва Брентфорд ремизира против Тотнем (0-0).