Серхио Рамос се враќа во Севиља, ама како газда?
Според информациите од шпанската радио станица COPE, преговорите меѓу Севиља и американски фонд пропаднале, што довело до пад на вредноста на хартиите од вредност. Токму во овој момент на сцената стапува Рамос. Дефанзивецот веќе упатил официјална понуда до акционерите за купување на клубот. Тој дејствува со поддршка на голема инвестициска група која му го доверила управувањето со целиот проект.
Се нагласува дека износот што го понудил е најголемиот што главните акционери некогаш го добиле, надминувајќи ги по обем сите претходни понуди.
Серхио Рамос е „дете“ на Севиља, таму ја почна професионалната кариера и играше за тимот помеѓу 2004 и 2005 година, пред да се врати за уште една сезона во сезоната 2023/2024.