Се тресе столчето на Аморим - навивачите на Јунајтед сакаат нов тренер! (ФОТО)

Манчестер Јунајтед синоќа не успеа да го победи убедливо најслабиот тим во Премиер лигата и тоа на Олд Трафорд, ваквиот резултат го зголеми притисокот врз Рубен Аморим.

Статистиката вели дека тој е најлошиот тренер кој го имал Манчестер Јунајтед, но уште ја ужива поддршката од раководството.

Во изминатите неколку месеци Јунајтед успеваше да врзе 2-3 добри резултати, но потоа следуваше разочарување, а најголемото се случи вчера.

Црвените Ѓаволи не успеаа да го победат Вулвс кој во мечот влезе со само два освоени бода, Волците уште немаат победа оваа сезона во Премиер лигата, но не загубија на Олд Трафорд.

Врие на социјалните мрежи, фановите на Јунајтед потенцираат колку е лоша статистиката на Аморим и бараат отказ.