Jувентус не го пушта Јилдиз, сака да го направи најплатен во Торино!
Јувентус припаѓа во тоа друштво, но во овој момент „старата дама“ не е тим што може да се бори за најголемите трофеи. Но, исто така долго време во Торино немало млада ѕвезда која толку многу ветувала, токму таков е Јилдиз.
Поради тоа во Јувентус сакаат да се обезбедат дека ќе остане уште долги години во Торино и според најавите подготвени се да го направат најплатен фудбалер во клубот со плата од шест милиони евра по сезона. Во овој момент тој статус го има Душан Влаховиќ, но српскиот напаѓач речиси сигурно ќе си замине.
Се верува дека Јилдиз би бил задоволен, особено ако договорот важи до 2031 година, што значи дека со бонусите би инкасирал над 30 милиони евра.
Не треба да се исклучи ниту можноста за дополнително подобрување на условите во зависност од неговиот учинок и клупскиот успех.