Поранешен фудбалер на Арсенал и Манчестер сити стана тренер во клубот на Мбапе

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Манчестер сити, Гаел Клиши ја презема улогата на главен тренер во редовите на Каен, клубот кој е во сопственост на Килијан Мбапе.

Мбапе во септември 2024 година стана сопственик на Каен откако неговиот инвестициски фонд купи повеќе од 80% од акциите за нешто помалку од 20 милиони евра.

Иако очекувањата беа високи, сепак клубот не успеа да избегне испаѓање во третиот ранг на францускиот фудбал.

Клиши во клубот доаѓа по еден нестабилен период кој беше обележан со слаби резултати и бројни проблеми. Каен нема премногу напредок и оваа сезона и тимот се наоѓа на десеттата позиција на првенствената табела.