Познат идентитетот на загинатите во сообраќајката - биле големи пријатели на Џошуа! (ВИДЕО)

Двајца мажи загинаа во сообраќајна незгода во која беше повреден Ентони Џошуа, а медиумите откриваат дека жртвите биле пријатели и соработници на боксерот.

Еден од загинатите бил Сина Гами, кој работел како кондициски тренер на Џошуа и го подготвувал за мечот против Џејк Пол пред две недели.

Втората жртва е Кевин Ајодел Лац, кој бил персонален тренер и голем пријател на британскиот боксер.