„Ѓоковиќ и 25. Гренд слем титула - тоа е практично невозможно“
Русинот е голем фан на Новак, но смета дека има повеќе фактори кои го оневозможуваат да ја оствари долго посакуваната цел.
„Искрено, се сомневам дека може да го направи тоа. Тој е најголем на сите времиња, но телото и метаболизмот не му дозволуваат на 39-годишен играч да се опорави и да се движи како некој што има 22 години. Никој не може да ја победи природата“, вели Кафелников.
Тој и се чуди зошто Ѓоковиќ уште игра ако се знае дека има полни 38 години, а неговите ривали одамна заминаа во играчка пензија.
„Навистина немам поим. Го кажав тоа и претходно - можеби е премногу лојален на својата база на фанови низ целиот свет, на луѓето кои сакаат да продолжи да игра. Во ред е, капа долу за Новак за тоа. Тоа само ја покажува неговата храброст и посветеност. Не можам да најдам друга причина зошто сè уште игра, што го мотивира“, додава Русинот.
Ѓоковиќ освои 24 Гренд слем трофеи во кариерата, но последниот од нив е од септември 2023 година, кога триумфираше на УС Опен.