Испаднатиот Шкупи остана без тренер – Османи не сака повеќе да работи без пари!

Минaс Османи повеќе не е тренер на екипата на Шкупи, откако саниот поднесе оставка поради што клубот од Чаир ќе влезе во пролетниот дел од Првата лига со нов шеф на стручниот штаб, откако досегашниот стратег поднесе оставка.

Одлуката ја соопшти самиот Османи преку јавно обраќање, посочувајќи дека по пет години ангажман во првиот тим решил да ја прекине соработката со „бело-сините“. Како една од главните причини ја наведе долгата и исцрпувачка работа во тешки услови, како и фактот дека една година не му биле исполнети финансиските обврски од клубот.

И покрај проблемите, Османи истакна дека во целиот период дал максимум за клубот, играчите и навивачите, потенцирајќи дека секогаш го претставувал Шкупи коректно и професионално. На крајот, тој им се заблагодари на соработниците, фудбалерите и навивачката група „Шверцери“ за поддршката и му посака успех на клубот во иднина.

Шкупи е убедливо последен на табелата со само еден бод, со што речиси сигурно ќе се пресели во понизок ранг бидејќи има дури 15 бодови помалку од Пелистер, кој е прв над линијата за играње бараж односно 18 бодови помалку од Брера, која во моментов е последна меѓу тие што обезбедуваат опстанок во елитата.