Сари заврши во болница - имал операција на срцето!

Тренерот на калчолигашот Лацио, Маурицио Сари завршил во болница каде што имал операција на срцето.

Екипата од Рим објави дека станува збор за рутинска операција, а 66-годишниот Сари треба да се врати на работа во следните денови.

„Сари заврши на операција, која ја изведе професорот Андреа Натале, меѓународен пионир со повеќе од 30 години искуство. Зафатот беше успешен“, соопштија од клубот.

Фото: Facebook/S.S. Lazio