Махрез пред очите на големиот Зидан го однесе Алжир во осминафиналето! (ФОТО)
Клучниот момент се случи во 23. минута кога Махрез погоди од пенал за водство на Алжир од 1-0, што беше и конечен резултат.
По две одиграни кола, Алжир има максимални шест бода, Буркина Фасо и Судан имаат по три, а следниот противник на Алжирците, Екваторска Гвинеја нема бодови.
Мечот во живо на стадионот го гледаше и Зинедин Зидан кој има алжирско потекло. Зизу е роден во Франција, но неговите родители се од Алжир.