Махрез пред очите на големиот Зидан го однесе Алжир во осминафиналето! (ФОТО)

На коло пред крајот од групната фаза, Алжир го завери местото во нокаут фазата откако со гол на славниот Ријад Махрез ја победи селекцијата на Буркина Фасо со 1-0.

Клучниот момент се случи во 23. минута кога Махрез погоди од пенал за водство на Алжир од 1-0, што беше и конечен резултат.

По две одиграни кола, Алжир има максимални шест бода, Буркина Фасо и Судан имаат по три, а следниот противник на Алжирците, Екваторска Гвинеја нема бодови.

Мечот во живо на стадионот го гледаше и Зинедин Зидан кој има алжирско потекло. Зизу е роден во Франција, но неговите родители се од Алжир.