Тер Штеген е на излезна врата од Барса, веќе избрал нов клуб!?
Каталонскиот новинар, Алфредо Мартинез тврди дека Тер Штеген е блиску до трансфер во Жирона, клуб каде се очекува да биде прв голман.
Според истиот извор, тренерот Ханси Флик му ставил јасно до знаење на својот сонародник дека ќе биде трет избор меѓу стативите, зад Жоан Гарсија и Војчех Шченсни.
Во Жирона, Тер Штеген би бил замена за Доминик Ливаковиќ, кој летово пристигна во клубот, но неочекувано заврши во втор план и веќе во зимскиот преоден рок би можел повторно да ја смени средината.
Тер Штеген има договор со Барселона до 2028 година, меѓутоа според информаациите на Мартинез тоа нема дда биде пречка за реализација на трансферот.