Аталанта стана голем пациент на Интер, Самарџиќ е трагичар! (ВИДЕО)
Интер ја продолжи неверојатната позитивна серија која ја има против Аталанта забележувајќи уште еден триумф во низа, три бода за враќање на врвот во Серија А.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Лаутаро Мартинез во 65. минута од натпреварот.
Резултатот ќе беше поинаков доколку Самарџиќ не промашеше зицер во финишот од натпреварот. Србинот се најде во идеална позиција, сам пред голманот на Интер, можеше да бира каде да шутира, но биеше исклучително лошо.
По 16 одиграни кола Интер е прв со 36 бода, Милан има 35, Наполи 34, а Јувентус 32.