Слоновите и Лавовите одиграа реми во дербито од Африканскиот куп!
Во првото полувреме мрежите мируваа, а фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска имаа свој момент на стартот од вториот дел.
Најпрво во 48. минута Кеси даде гол, но му го поништија поради прекршок. Сепак три минути подоцна Диаоло постигна регуларен погодок за водство на БСК од 1-0.
Но, радоста на Слоновите траеше кратко, Конан во 56. минута си даде автогол за конечни 1-1.
Двете репрезентации имаат по четири бода по првите два меча и речиси сигурно ќе се пласираат во следната фаза.