Пулишиќ и Нкунку го вратија Милан на врвот во Серија А (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан триумфираа против Верона со убедливи 3-0 во 16. коло од Серија А, со што се вратија на врвот на табелата.

Кристијан Пулишиќ во 46. минута конечно ја проби одбраната на Верона и донесе предност за „росонерите“, а веднаш на почетокот на второто полувреме Кристофер Нкунку со два погодоци го потврди големиот триумф.

Милан е прв со 35 бодови, пред Интер кој има 33 поени и еден меч помалку од градскиот ривал.