Арсенал експресно се врати на врвот, Ливерпул првпат по септември е во серија од три победи (ВИДЕО)
Тоа е трет триумф по ред за „топчиите“ и вкупно 13. оваа сезона, а доаѓа пред дербито против Астон Вила кое се игра во вторник. Арсенал беше многу подобар тим на овој меч и со головите на Одегард и Рутер (автогол), во 52. минута водеше со 2-0. Сепак, Гомез ја врати неизвесноста, па Брајтон во финишот имаше неколку шанси за израмнување кои не ги искористи.
Ливерпул се намачи против најслабиот тим во лигата Вулверхемптон, но сепак го победи со 2-1. Со тоа „црвените“ првпат по септември се најдоа во серија од три победи во Премиер лигата и четири ако се сметаат и натпреварите од Лигата на шампионите.
И овој меч се одвиваше слично како оној меѓу Арсенал и Брајтон. Во период од две минути пред крајот на првото полувреме, Ливерпул поведе со 2-0, преку Гравенберх и првиот гол на Вирц во дресот на премиерлигашот. Буено на почетокот од вториот дел намали, а Вулверхемптон потоа неколку пати се закани со израмнување, но не го најде патот до мрежата.
Ливерпул во следниот период има релативно лесен распоред со кој ќе се обиде да изврши притисок врз водечките тимови на табелата во Премиер лигата и, евентуално, да се вмеша во борбата за титулата.
РЕЗУЛТАТИ
Арсенал - Брајтон 2-1
Брентфорд - Борнмут 4-1
Барнли - Евертон 0-0
Ливерпул - Вулверхемптон 2-1
Вест Хем - Фулам 0-1