„На Динамо Загреб му фалат мангупи како Адеми и Ристовски - затоа нема резултати!“

Вториот мандат на Немања Бјелица, помина без успех и во Динамо се задржа само 15 натпревари во кои оствари пет победи, шест нерешени и четири порази, а сега зборуваше за причините за таквите резултати.

Според Бјелица заминувањето на лидерите на тимот меѓу кои ги спомена Стефан Ристовски и Аријан Адеми било премногу за да се надополи.

„Ако ја анализираме таа сезона, тие момци го одведоа Динамо во Лигата на шампионите. Тие момци зработија 40 милиони евра за клубот и по мене заслужуваат голем респект. Тие го сакаат Динамо: Ристовски, Адем, Теофил, Петковиќ...такви лидери и мангупи Динамо денес нема. Во денешниот фудбал тешко е да најдете лидери, кај новите генерации сè некако е меко. Тие мангуп го држеа Динамо на ниво кога бев таму, но и сите тренеери после мене“, порача Бјелица во изјава за „Макс Спорт“.

По Бјелица во Загреб пристигна и Фабио Канаваро кој исто така немаше голем успех.