Дуплантис го победи Алкараз, Швеѓанецот е најдобар спортист во Европа!
Дуплантис победи убедливо со 184 поени, имаше дури 41 повеќе од Карлос Алкараз и 50 повеќе од словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар.
Покрај ПАП, во изборот беа вклучени и уште 22 европски агенции и дури девет му дадоа максимални поени на Дуплантис, додека за четири беше второпласиран.
Ќе потсетиме, Дупланнтис оваа година на СП во Токио постави нов светски рекорд во скок со стап прескокнувајќи шест метри и 30 сантиметри.
Фото: The Olympic Games/X