Натпреварите на Африканскиот Куп на Нации се гледаат само ако се - бесплатни! (ФОТО)

Фудбалерите на Египет во овие моменти го играат натпреварот против Јужна Африка во второто коло од Африканскиот Куп на Нации.

По првото полувреме Салах и друштвото имаа водство од 1-0, но она што го привлече вниманието од овој дуел е посетеноста во првото полувреме и во вториот дел.

На самиот почеток на трибините на стадионот „Адрар“ во Агадир каде што се игра овој натпреевр имаше само неколку илјади луѓе.

Меѓутоа по 20 минути игра организаторите почнале да пуштаат навивачи без влезниции, па така трибините се исполнија до последното место.

Овој стадион собира 40.000 гледачи.