Марсело: Цела кариера немав влезено во теретана, а на диета никогаш не сум помислил

Бразилецот, Марсело зборуваше за својата кариера, а сега истакна дека никогаш не посветувал посебно внимание на физичката подготвеност.

Марсело откри дека неговите деца биле изненадени кога забележале дека има стомак во неговите денови како активен фудбалер.

„Буквално вчера им пуштав снимки од себе на децата и Лиам (помладиот син) ме праша: ‘Но, ти беше дебел таму, нели?’ Јас му одговорив: ‘Секако.’ Моето тело отсекогаш било вакво. Имав стомак, никогаш не сум имал плочки како Кристијано“, раскажал низ насмевка Марсело.

Бразилецот, чија кариера започна и заврши во Флуминенсе од родниот Рио де Жанеиро, отворено призна дека „никогаш не бил спортист“ во класична смисла и дека е повеќе наклонет кон хедонистички начин на живот.

„Секако дека тренирав, но никогаш не одев во теретана, ниту се придржував до строги диети или нешто слично. Подоцна почнав да работам повеќе работи, но моето тело секогаш било вакво и јас секогаш играв на ист начин. Нормално, штом ќе се случеше нешто лошо, веднаш зборуваа дека сум претежок. Тоа е нормално“, заклучи Марсело.