Тага во Франција: Почина човекот кој освојуваше трофеи во Бордо и ПСЖ

Жан-Луј Гасе, човекот кој важеше за еден од најдобрите француски тренери, почина денеска на 72-годишна возраст, потврди неговиот поранешен клуб Монпеље.

Гасе голем дел од кариерата како фудбалер ја помина во Монпеље, а потоа стана и тренер. Клубот го напушти на 7 април во 2025 година и тоа беше крај н неговиот втор мандат.

На најмногу успех се израдува како помошник на Лоран Блан со кој во 2009 година го водеа Бордо до титулата во првенството и купот. Подоцна со Блан соработуваше и во ПСЖ каде што освоија три првенства и два купа. Соработката со Блан ја заврши во 2016 кога ПСЖсе одлучи за треенерска смена.

Подоцна беше селектор и на Брегот на Слоновата коска каде што доби отказ по три натпревари во кои селекцијата едвај ја помина групата на Африканскиот Куп на Нации, а неговиот наследник Емерс Фае ја одведе репрезентацијата до трофејот.