Халанд покажа дека заканата на Пеп не била шега (ФОТО)

Пеп Гвардиола не се шегувал кога пред почетокот на кратката пауза од три дена за празниците најави дека фудбалерите ќе мораат да застанат на вага, а доказ е Ерлинг Халанд.

Шпанскиот стратег тогаш порача дека секој кој ќе дојде со вишок килограми нема да патува на дуелот со Нотингем форест.

„Во оној момент кога ќе стигнат по три слободни дена, сакам да видам во каква состојба ќе се вратат. Можат да јадат, но под контрола. Секој што ќе се врати со три килограми повеќе од потребната форма, ќе остане во Манчестер, нема да патува во Нотигнем“, гласеше изјавата на Гвардиола.

Сега, Халанд објави фотографија од вагата покажувајќи дека е тежок 94.4 килограми со што го поминал мерењето, па така нема да има проблеми со Пеп.

Покрај фотографијата, Халанд додаде: „се е во ред“.