Исак првпат се огласи по повредата: Многу сум разочаран...

Фудбалерот на Ливерпул, Александар Исак за првпат се огласи по тешката повреда во натпреварот против Тотнем.

Шведскиот напаѓач се повреди во моментот кога постигна гол по стартот на дефанзивецот, Мики Ван де Вен, а и самиот призна дека е разочаран.

„Многу сум разочаран што некое време ќе бидам надвор од терените. Сега е веме за опоравување. Поддршка имам од сите страни. Ќе работам напорно за да се вратам колку што е можно побрзо.Благодарен сум на сите за пораките, тоа навистина многу ми значи“, порача Исак.

Арне Слот сега по повредата на Исак остана само со Хуго Екитике како вистински напаѓач.