Мексико и Тунис бараат пријателски со Македонија!

Maкедонската фудбалска репрезентација ја очекува баражот за Светското првенство во кој во полуфиналето ќе играме со Данска, но пред почетокот на Мундијалот ќе имаме и најмалку една пријателска средба.

Имено, според информациите на „macedonianfootball“, Фудбалската федерација на Македонија добила неколку понуди за натпревари со селекции кои сакаат да се подготвуваат за Светското првенство.

Најконкретна наводно била понудата од Тунис кој сака да гостува во Скопје, сепак ФФМ информирала дека натпреварот би се играл на наутрален терен.

Исто така понуда до канцелариите на нашата федерација испратила и Мексико, земја која е еден од организаторите на Мундијалот. Сепак, истата била одбиена затоа што во прашање би било далечно гостување.

Термин за потенцијалните натпревари засега нема и тој би бил дефиниран доколку и официјално некој од дуелите биде потврден.

На Мундијалот, Тунис ќе настапува во група заедно со Холандија, Јапонија и победникот од европскиот плеј-оф од „Б“ групата, додека Мексико е во групата „А“ со Јужна Африка, Јужна Кореја и победникот од европскиот плеј-оф „Д“, во кој е вклучена и Македонија за мартовските плеј-оф натпревари.

Тоа значи дека доколку се пласираме на СП, ќе играме во иста група со Мексико.