Попарсова и Трајковски најдобри атлетичари за 2025 година

Атлетска Федерација на Македонија денеска ги прогласи најдобрите атлетичари и атлетичарки за 2025 година, година што ќе остане запаметена како историска за македонската атлетика.

Наградите во сениорска конкуренција завршија во рацете на Адријана Попарсова (Атлетски Клуб Делта) и Андреас Трајковски (Атлетски Клуб Работнички), атлетичари кои со своите настапи, резултати и континуитет ја одбележаа сезоната и поставија високи стандарди за идните генерации.

Во младинските категории, признанијата им беа доделени на:

Марко Алексовски – најдобар младинец (Атлетски клуб Центар)

Мелиса Димитриевска – најдобра младинка (Атлетски клуб Дрени Старт)

Ева Митевска – најдобра помлада младинка (Атлетски клуб Работнички)

Михаил Стошевски – најдобар помлад младинец (Атлетски клуб Куманово)

Кај пионерите, признанијата ги понесоа:

Ведран Николовски – најдобар пионер (Атлетски клуб Куманово)

Марта Димковска – најдобра пионерка (Атлетски клуб Работнички)

Во категоријата млади пионери:

Ељана Салаи – најдобра млада пионерка (Атлетски клуб Куманово)

Арти Џеладини – најдобар млад пионер (Атлетски клуб Куманово)

Наградите ги врачија деканот на факултетот за физичко образование, спорт и здравје професор Д-р Владко Неделковски, професорот по атлетика професор Д-р Александар Симеонов, потпретседателите на федерацијата Филип Колевски и Алим Хајредини, како и претседателката на федерацијата Александра Војнеска Зикова.

„Оваа свеченост не беше само прогласување на најдобрите, туку и потврда дека македонската атлетика има силна сегашност и уште посилна иднина. Честитки до сите наградени, нивните тренери и клубови, кои со секој чекор ја носат атлетиката напред“, соопштија од федерацијата.