Роналдо и Георгина си купија две луксузни вили за осум милиони долари (ФОТО)

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез станаа сопственици на две луксузни вили во комплексот „Црвено море“ во Саудиска Арабија.

Тие се наоѓаат на интимна и изолирана локација до која може само да се стигне со мал авион или брод, а за нив платија неверојатни осум милиони долари.

Едната вила има три спални соби и е наменета за семеен одмор, додека во другата има две спални соби.