Брестовац продолжува да жнее трофеи во Катар!

Поранешниот македонски ракометен селектор, Данило Брестовац освои уште еден трофеј со неговиот Ал Араби откако пак триумфираше во Купот на Катар.

Ал Араби го одбрани трофејот од Купот на Катар откако во финалето со убедливи 36-26 го прегази Ал Духаил и ја потврди доминацијата во Катар.

Минатата сезона Данило Брестовац со Ал Араби освои три трофеи, а ако по утрото се познава денот, тогаш и оваа ќе му биде трофејна.