Одлични вести за Мареска: Се враќаат Делап и Естевао во акција!

Челси во изминатиот период не можеше да смета на Лијам Делап и Естевао кои беа надвор од терените поради повреда.

Естевао играше одлично пред да отсуствува од терените, додека Делап не се прослави премногу во нападот на „сините“, но се очекува во иднина да внесе свежина во екипата.

Двајцата се подготвени за игра и се очекува да настапат против Астон вила в сабота од 18.30 часот, кога Челси ќе се обиде да ја запре машинеријата на Унај Емери.