"Со Милевски разговаравме и за нов договор, но се случи Кардиф!"
Првиот човек на ФФМ откри и дека во прв момент не се размислувало на смена на Благоја Милевски, но потоа се случил дебаклот во Кардиф кој ги натерал лугите во федерацијата да размислат за промена.
„Не знам зошто именување на селекторот е во центар на вниманието, тоа е нормално. Секаде се менуваат селектори. Не беше планирано, разговаравме и за продолжување на договорот, но дојде тој последен период и резултатот во Кардиф. Боби на голем дел од овие репрезентативци им беше селектор и во младата селекција, со некои од нив работи десет години. Поради тоа одлучивме дека е време за нова енергија, Милевски имаше одлични резултати, имаше и лоши резултати секогаш е така, тојј секогаш беше максимално коректен и скромен. Сметавме дека со една нова енергија ќе имаме повеќе шанси во баражот, дали тоа е правилен избор ќе видиме, никогаш тука нема правило, нема гарација во спортот“, изјави Омерагиќ.
Фото: EPA