„Му покажав црвен картон на Роналдо и две години потоа не му судев на Реал“
Станува збор за Естрада Фернандес тврди дека сите сили биле насочени во корист на Реал и никој не смеел на никаков начин да му наштети.
„Во 2009 година му покажав црвен картон на Кристијано Роналдо и потоа две години не му судев на Реал. Добив телефонски повик од претседателот на судиската комисија Санчес Арминио само 10 минути откако дојдов дома од натпреварот. За време на разговорот, јасно ми даде до знаење дека не му се допаднало она што се случило, ми рече дека тоа ќе биде на насловните страници на сите шпански весници, а исто така ми навести дека поради тоа ќе имам последици. Постои темна страна за која луѓето не сакаат да знаат, а постојат и оние кои ја користат таа темна страна за свои цели“, откри Естрада.
Тој му покажа црвен картон на Роналдо на дуелот против Алмерија на 5 декември 2009 година откако Португалецот доби една опомена за соблекување дрес и уште една поради удар на противничкиот играч Хуанма Ортис.