Исак првпат се огласи по повредата: Многу сум разочаран...
Шведскиот напаѓач се повреди во моментот кога постигна гол по стартот на дефанзивецот, Мики Ван де Вен, а и самиот призна дека е разочаран.
„Многу сум разочаран што некое време ќе бидам надвор од терените. Сега е веме за опоравување. Поддршка имам од сите страни. Ќе работам напорно за да се вратам колку што е можно побрзо.Благодарен сум на сите за пораките, тоа навистина многу ми значи“, порача Исак.
Арне Слот сега по повредата на Исак остана само со Хуго Екитике како вистински напаѓач.