Македонската таеквондо федерација ги прогласи најдобрите за 2025 година

Со настанот „Најдобрите во лига системот на Македонската таеквондо федерација“, денеска беа прогласени најдобрите во земјава во еден од најтрофејните спортови.

Првото место во Лига системот го освои Бутел, а по него застанаа Корио и Феникс кик. Филип Блажевски доби признание за најголемиот успех во олимписко таеквондо.

„Со особена чест можеме да констатираме дека македонското таеквондо, покрај тоа што е најуспешен спорт во државата, претставува и прв индивидуален спорт кој воспоставува вистински систем што гарантира континуитет, развој и постигнување на врвни спортски резултати. Овој систем значи силни клубови, образувани тренери, мотивирани спортисти, фер и професионални судии и организирани натпреварувачки структури кои создаваат шампиони.

Убедени сме дека оваа манифестација ќе прерасне во силна традиција која ќе продолжи да ги мотивира нашите спортисти, тренери, клубови и сите кои се дел од нашето таеквондо семејство. Нашата мисија продолжува, да создаваме шампиони, да градиме карактери и да ја претставуваме Македонија на најдостоинствен можен начин“, објавија од Таекводно федерацијата.

Добитници на признанијата на денешната манифестација беа:
I МЕСТО ВО ЛИГА СИСТЕМОТ НА  МТФ ВО 2025 ГОДИНА - Таеквондо клуб „Бутел“
Најголем спортски успех во олимписко таеквондо во 2025 година - Филип Блажевски
Најдобар тренер во лига системот на мтф во 2025 година - Викторија Спасовска 
Најдобро организиран турнир во лига системот на МТФ во 2025 година - Таеквондо клуб Корио
Најдобар судија во лига системот на МТФ во 2025 - Ирена Гроздановска 
Особен придонес во лига системот 2025:
- Андреј Василевски
- Ведрана Тунеска
- Христијан Симоновски
- Ненад Ќелевски
- Душица Бреслиева
- Мартина Наумовска