Отворена е истрага за натпревари од ПМФЛ и ВМФЛ, аларм до ФФМ стигнал веднаш!

На денешниот разговор со новинарите првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ откри и дека во тек е истрага за наместени натпревари од оваа полусезона.

Во првиот дел од сезоната видовме неколку натпревари кои во јавноста предизвикаа реакции поради постигнатите голови, а Омерагиќ без да открие за кои дуели станува збор потенцираше дека ситуацијата се следи. 

Како што потврди, мејл за сомнителни активности стигнало уште еден ден по тие натпревари, а во прашање се средби од Првата и во Втората лига.

„Добивме мејл за сомнителни натпревари од оваа полусезона во Првата и во Втората лига, уште веднаш наредниот ден по нивното одигррување. Сакам да зннаат дека не сме наивни, знаеме сè што се случува, ова е мала земја. Засега нема да се излетувам и да зборувам нешто повеќе, ќе кажам само дека истрага има и таа е во тек. Брзо ќе сфатат тие луѓе дека за нив нема да има место во македонскиот фудбал“, порача Омерагиќ.