Нов скандал ја потресе Турција: Уапсен претседателот на Фенербахче!
Турските медиуми пренесуваат дека Саран бил уапсен поради кокаин. Првично тој бил повикан од странство да даде исказ во полицијата откако неговото име се споменувало во врска со користење на недозволени супстанци. По дадениот исказ тој бил ослободен, меѓутоа примерок од неговата коса бил испратен до судската медицина.
Испратениот примерок бил позитивен на кокаин, Саран ги негирал обвинувањата и најавил дека ќе ја продолжи правната битка.
Ова е само уште еден скандал во Турција откако неодамна беше објавена аферата со обложување во која беа уапсени фудбалери и спортски работници.
Фото: EPA