Ракометната репрезентација на Македонија ги започна подготовките за Европското првенство кое ќе го играме во јануари.

Откако пред два дена се собраа во Скопје момците на Лазаров започнаа и со тренинзи во првиот дел од подготовките кој ќе го одработиме во Скопје. На 26  декември, репрезентацијаа ќе се пресели во Хрватсска каде што ќе одиграме и еден пријателски натпревар со истата селекција. 

Потоа одново ракометарите ќе бидат во Скопје до шести јануарри, па ќе следи настап на турнирот во Швајцарија каде што ќе играме против Бахреин и Украина. 

Европското првенство го започнуваме на 16 јануари со дуелот против Данска, а во нашата група се уште Португалија и Романија против кои ќе играме на 18-ти и 20-ти јануари.

Како што може да се забележи и од фотографиите атмосферата помеѓу ракометарите е на високо ниво.