Влаховиќ поблиску до заминување - не се појавил на клупската вечера!
Засега според информациите на медиумите поблиску е да си замине во јуни. Најава за тоа наводно е и тоа што не бил присутен на последната клупска вечера на која присуствувале сите фудбалери на Јувентус, членовите на стручниот штаб и раководството.
Српскиот напаѓач не успева да постигне договор околу финансиските услови и тоа сигурно нема да се случи во наредната недела. Голем интерес за него покажал Милан кој е предводен од Алегри со кого Влаховиќ соработуваше во Торино.
Во Јувентус, Влаховиќ пристигна во јануари 2022 година од Фиорентина за 83.5 милиони евра. За речиси четири години во Торино одигра 162 натпревари во кои постигна 64 гола во сите натпреварувања.
Ќе потсетиме, Влаховиќ во овој момент е надвор од терените поради повреда.