Шкендија може да остане без првиот голман: Гај има понуди од Полска, Јапонија и Турција
Познатиот фудбалски инсајдер Руди Галети тврди дека на адреса на тетовскиот клуб стигнале понуди за првиот голман во екипата. Понудите, наводно, се од Турција, Јапонија и Полска, но не се спомнуваат конкретни имиња на клубовите кои испратиле понуди.
Гај има фантастична полусезона во дресот на Шкендија каде дојде од тимот на Воска, а претходно настапуваше во Локомотив Софија. Иако репрезентативец на Гамбија, тој е роден во Германија, почна во Арминија, а играше и за Ватеншајд, ШтутгартКобленц и Родингхаузен.