Еден гигант се откажа од трката за Семењо - не им се трошат 75 милиони евра!

Крилниот фудбалер на Борнмут, Антоан Семењо ќе биде главна приказна оваа зима на трансфер-маркетот затоа што за неговиот потпис се борат неколку англиски гиганти, меѓутоа еден од нив се повлече од трката.

Ливерпул, Манчестер јунајтед и Манчестер сити се главни кандидати за потписот на Семењо, а за трансфер се распрашуваше и актуелниот светски клупски шампион Челси, но новинарот Фабрицио Романо објави дека „сините“ решиле да се повлечат.

Англиските медиуми пишуваат дека причина за тоа е високата откупна клаузула која ја има еден од најбараните фудбалери во Премиер лигата, а таа изнесува дури 75 милиони евра.