Ѓокереш погоди по пауза 50 дена, Арсенал се врати на чело на табелата (ВИДЕО)
Првиот и, како што излезе на крајот, единствен гол на натпреварот беше постигнат во 27. минута, од пенал. О'Брајан играше со рака во шеснаесетникот на својот тим, судијата досуди пенал, а Ѓокереш ја затресе мрежата на домашниот тим. Тоа беше неговиот прв гол од 1 ноември или по пауза од 50 дена.
До крајот на натпреварот, „топчиите“ ја завршија работата на свој начин, а Евертон немаше шанси за евентуално израмнување.