Тотнем заврши со два црвени картони: Ливерпул триумфира на гостувањето во Лондон (ВИДЕО)
Проблемите за Тотнем почнаа уште во 33. минута кога Чави Симонс доби црвен картон поради остар старт, по што Ливерпул тргна по гол, меѓутоа не успеа да го постигне во првите 45 минути.
Александар Исак влезе на стартот на вториот дел и набрзо погоди за предност од 1-0, но шведскиот напаѓач потоа се повреди и мораше да биде заменет.
Уго Екитике зголеми на 2-0 во 66. минута, по што Ришарлисон ја врати надежта на тимот од Лондон со погодок во 83. минута (1-2).
Во судиското надополнување Тотнем доби уште еден црвен картон, и тоа кога Ромеро беше исклучен, по што домашниот тим се обидуваше да постигне израмнувачки гол, но не искористи неколку шанси.