Леверкузен со пресврт го освои Лајпциг и се врати во топ-4 во Бундес лигата
Шлагер беше стрелец на голот за водство на „биковите“ во 35. минута, но радоста на домаќините не траеше долго затоа што „фармацевтите“ до крајот на првиот дел постигнаа два погодоци преку Мартин Териер и Патрик Шик.
Гостите постигнаа уште еден гол до крајот, и тоа преку Монтрел Кулбрет за триумф од 3-1.
Леверкузен и Лајпциг се на делба на третата позиција со по 29 бодови, додека пред нив е Борусија Дортмунд со 32 и Баерн Минхен со 38 поени.
Фото: Facebook/Bayer Leverkusen