Флик се налути: Тимот на сезоната на ФИФА е обична шега! (ВИДЕО)

Тренерот на Барселона, Ханси Флик се налути затоа што неговиот фудбалер Рафиња не беше избран во топ-11 на листата на ФИФА.

Флик не може да поверува како Рафиња не е во листата со најдобри фудбалери, иако минатата сезона беше фантастичен во дресот на Барселона.

Рафиња минатата сезона постигна 18 голови и 10 асистенции во Ла Лига, а беше импресивен и во Лигата на шампиони (ЛШ) со 13 голови и девет асистенции.

„Тимот на сезоната на ФИФА е обична шега. Неверојатно е тоа што Рафиња не беше во листата“, кажа Флик.