Шкендија со пласманот во плејоф ја дополни клупската каса!
Шкендија доби дополнителни 200.000 евра за пласманот во нокаут-фазата на елитното натпреварување, па така стигна до речиси шест милиони евра за настапите.
Тетовци во плејофот ќе се соочат со Лех Познањ или Самсунспор, а нова победа би значел и дополнителен приход за македонскиот тим.
Кој ќе биде ривал на Шкендија во првата рунда од плејофот ќе биде познато на 16 јануари на ждрепката.